Одличен начин за подготовка на палента малку по различна од стандарната подготовка. За мојот вкус одлична комбинација со модар патлиџан.
Подготовка.
Водата ставете ја да зоврие со путерот и малку сол, потоа додавајте ја палентата со постојано мешање. Така да повари 2-3 минути.
Истурете ја во силиконска тава едната половина. Врз неа наредете ги пропржените модри патлиџани. Врз нив нарендајте сирење и ставете ја втората половина. Оставете да се излади половина час. Превртете го силиконот и со остар нож или калапи по желба вадете форми.
Во два сада подгответе ги јајцата, презлата и сусамот и почнете со похување.
Вака подготвените во мојот случај триаголници испржете ги.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани