Модар патлиџан во секоја можна верзија е лудница од јадење!
Лесен рецепт и брз за подготовка, уште побрз за јадење.

Модриот патлиџан се пече додека не омекне. Доколку се пече во рерна, според рецептот се пече на 180 степени. Се лади, лупи и се става во блендер или сечко. Се додава сирењето и останантите состојки и се миксира.
Сопред рецептот смесата треба да биде еднолична, но не мазна.
Јас лично сакам масна смеса, па матев подолго време.

Пастеризирањето е исто како и за секоја друга зимница.
1. Се става во тегли, се затвара убаво со капак и може да се нареди во рерна на 100 степени окулу 1-1,5 часа, па се гаси рерната и се остава полека да се лади
или
2. Убаво затворените тегли се редат во шерпа или тенџере, се ставаат теглите и се долева вода додека не стигне до врвот на теглите. Се варат додека не почне водата да врие, се осава 10-20 мин, се гаси огнот и се остава убаво да се олади.
или
3. Ја загревате паштетата да почне да врие, ја сипате во топли тегли, убаво ги затварате капаците и ја ставате во топла рерна полека да се ладат или ги виткате во ќебе полека да се ладат.

Доколку сакате оваа паштета можете да ја приготвувате и од замрзнати печени модри патлиџани, нема да има разлика во вкусот. И така сме ја правеле :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани