- Пропржете го месото со кормидот, зачинете на вкус - значи изборот на зачинките кои вие ги сакате.
- На средината од плачинките ставајте од филот - преклопете ги двете страни (исто како што мотаме сарми), заролајте.
- Јајцата сматете ги со малку сол, секоја замотана палачинка прво ставете во јајцата потоа валкајте во презлата, ставете да се пржат во не многу длабоко масло.
- Послужете со сос кој ќе го приготвите така што ќе ги измешате еднаквите количини на киселата павлака и мајонезот, додадете по ваш избор сол и лукче, ренданата кисела краставичка и измешајте.
Можете да додадете и магдонос, а за оние што не го сакаат лукот слободно нека го изостават.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани