Поховани палачинки со мелено месо
Состојки
- 12 палачинки
- 300 гр. мелено месо
- 1 главица кромид
- на вкус и избор сол, бибер, оригано, буковец, магдонос....
- За похивање
- 2 јајца
- според потребата лебни трошки
- Сос
- по 90 гр. кисела павлака и мајонез
- на вкус сол и рендани кисели краставички, лукче, магдонос
Подготовка
- Пропржете го месото со кормидот, зачинете на вкус - значи изборот на зачинките кои вие ги сакате.
- На средината од плачинките ставајте од филот - преклопете ги двете страни (исто како што мотаме сарми), заролајте.
- Јајцата сматете ги со малку сол, секоја замотана палачинка прво ставете во јајцата потоа валкајте во презлата, ставете да се пржат во не многу длабоко масло.
- Послужете со сос кој ќе го приготвите така што ќе ги измешате еднаквите количини на киселата павлака и мајонезот, додадете по ваш избор сол и лукче, ренданата кисела краставичка и измешајте.
Можете да додадете и магдонос, а за оние што не го сакаат лукот слободно нека го изостават.