Потполошкини јајца во месно руво
На ситното, изреднадјте го кромидот и морковот и додадете ги во меленото месо. Додадете ги жолчките и зачините и убаво измешајте/измесете.
Јајцата излупете ги пред време и оставете ги да се исушат или пак избришете ги со хартиена салфетка.
Земајте од смесата делче малку поголемо од јајцата. Расплескаjте го и во него ставете по едно потполошкино јајце, па убаво од сите страни замотајте го.
Во мал сад ставете брашно и секое обложено јајце со месо извалкајте го во него.
Пржете ги во загреано длабоко масло на умерена температура од сите страни, па одложете ги на хартиена салфета да се исцеди мрснотијата одозгора.
Сервирајте како мезе со сецкани краставици, моркови и кисела павлака. И секако, ако имате листови зелена салата ; )
Лиценца: Сите права се задржани