
5
јан
2015
Посни шпагети со печурки
Шпагетите ставете ги да се варат во зовриена и солена вода по време означено на паковањето.
Печурките исчистени и измиени изрендајте ги на ливчиња.
Кромидот и лукот ситно исецкајте ги и ставете ги во тава со маслото малку да се запржат. Додајте ги печурките, магдоносот ситно исецкан и зачините по вкус. Оставете ги да се динстаат додека течноста им испари. Тогаш додајте ги шпагетите исцедени од водата и измешајте ги. Додајте ја и павлаката и повторно измешајте ги. Послужете ги топли.
Лиценца: Сите права се задржани