Од сите состојки замесуваме тесто кое го оставаме во фрижидер да се одмори околу еден до два часа. Тестото го расукуваме со дебелина од 0,5 см и сечеме квадрати. На секој квадрат ставаме во средина по една лажичка мармалад и ќошовите ги свиткуваме на внатре. Ги печеме на 180 степени околу 15-20 минути.

Забелешка
Не се става никакво средство за стасување иако мислам дека би можело да се стави 1 лажичка пециво. Како ги правам прв пат ми се допаднаа и мислам дека трпат и повеќе мармалад, само да внимавате да не ви тече кога ќе се печат, затоа што јас овој што го користев ми е од сливи и домашен, како џем е. Ако се прават со купечки џем или мармалад во тој случај тој повеќе се топи.Ж

Во рецепти кои имаат јајца, а е време на пости, вака можете да калкулирате и да замените, 1 јајце = 2 лажици мелено ленено семе + 3 лажици вода. Измешајте ги двете состојки и оставете ги да стојат околу 5 - 10 минути. „Јајцето“ за тоа време ќе се згусне. Зголемете ги количините на состојки во зависност од бројот на јајца кои ви се потребни.
Ако не постите ставете 1 јајце и 175 гр путер во состојките, а исфрлете го лененото семе и маслото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани