9
апр
2013
Посни погачици
Квасецот растворете го со малку топла вода и шеќерот.
Во сад ставете го брашното, маслото, солта, квасецот и со додавање на водата замесете средно меко тесто. Оставете го да скисне половина час. Потоа премесете го.
Правите топчина (околу 90 гр тесто) и ставајте ги во плех обложен со хартија оддалечени за да не се залепат. Премачкајте ги со топла вода, наросете ги со сусам и на секое ставете по едно парче маргарин.
Уклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. За тоа време ке стасаат.
Ставете ги да се печат околу 25 минути. Испечените погачици испрскајте ги со малку вода, покријте ги и оставете ги да омекнат.
Со ова тесто може да си направите и посни кифли.
Лиценца: Сите права се задржани
treba 500 ml voda a ne 250 kako sto pisuva :)