Посни плескавици и прсти од просо (без масло)
Просото е најздравата житарица која не содржи глутен и не прави кисела реакција во организмот. Богата е со витамини, минерали и протеини. Како се во тек постите одлично се наоѓа за подготовка на слатки и солени јадења, без масло, а и со масло.
Подготовка
Просото го чистиме, го премиваме и го ставаме да се вари. Кога ќе се свари го оставаме малку да подизлади па ги ставаме сите останати состојки. Убаво промешуваме, формираме плескавици или прсти, ги валкаме во лебни трошки и сусам по желба и ги ставаме да се печат во загреана рерна на 200 степени.
Забелешка
Додека се вареше просото на 2-3 пати му доставав вода, за да не го процедувам кога ќе биде сварено, а малку вишокот вода што остана, просото ја впи додека се ладеше. Не можам да ви кажам колку точно искористив вода за варење, ама пробувајте го додека го варите и така ќе знаете дали да доставите вода или не.
Пред да ги оформам прстите, во нив ставив пробно на врв лажичка сода бикарбона и малку буковец. Овие со сода за нијанса беа повкусни и малку повеќе испукаа. Значи кога би ги ја правеле цела смеса со сода бикарбона би требало една лажичка сода.
За постите на масло одлично одат со намазот на Лудо или пак со додатоци по желба, салати, соја сос и сл.
Лиценца: Сите права се задржани