Водата, шеќерот и маргаринот вријат.
Се трга настрана и се додава мелени ореви, ванила и мелени бисквити.
Смесата се дели во два сада.
Во едниот додаваме растопено чоколадо и лажица какао.
На влажна крпа омекнуваат обландите.
Се става една обланда, па се премачкува со белиот фил.
Се реди другата обланда, па се премачкува темниот фил.
На краевите се редат бананчињата и се витка во ролат.
Се затегнува со фолија и се остава да се стегне.
Се сече полузамрзнато.
На здравје.

Забелешка

Ако е многу топол филот, оставете нека излади малку да не ви тече.
Можете да ставите и обични банани во виткањето.Тоа е веќе ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови