Посни благи кифлички
Овие кифлички или кроасанчиња, не ги правев по некоја рецепта, туку си реков ќе го замесам тестото па што сака нека биде. Имав чоколадо дома, па ај си реков да си направам и јас нешто посно да си каснам.
1. Се прави дупка во брашното, се става квасецот, солта маслото и се замесува со водата. Ме мрзеше да го чекам квасецот и веднаш го ставив во брашното и му турив млака вода, почекав малку да почне да набабрува и ги додадов останатите состојки,
2. Се меси тестото помеко.
3. Се остава половина час да надојде.
4. Откако ќе надојде, се дели на два дела.
5. Првиот дел се сука, се мачка кората со маргарин и се дипли (или се сече како полжав и се собира како во ролат).
6. Исто се прави и со вториот дел од тестото и двете теста се ставаат во замрзнувач 15-20 минути двете во посебна најлонска кеса.
7. Потоа се вадат од замрзнувач, се сука кора, се сече на колку што сакате дела, во зависност колкави сакате да ви бидат кроасанките. Јас ги направив поголемки и му ставив по една голема коцка чоколадо за готвење во едната половина, во другата половина мармалад.
8. Се печат во намачкан плех дури не поруменат.
9. Откако ќе се испечат, се посипуваат со шеќер.
Прв пат правам благи кифлички, не знам зошто досега сум имала предрасуди кон нив.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови