Посна чорба со зеленчук и печурки (без масло)
Во пресрет на последната недела од постот имам еден супер рецепт за сите оние кои ќе постите без масло. Се надевам ќе ви се допадне.
Погодена и за оние кои немаат многу време преку недела, па слободно може да си направите повеќе и да имате ручек за 2 дена.
1. Зеленчукот измијте го, излупете го, исечете на поголеми парчиња и ставете во сад на оган да се вари. Додадете го ситно сецканиот кромид и печурките исечени на листови. Доколку користите свеж или замрзнат грашок ставете го и него, ако е од конзерва ќе го ставите на крај. Во садот додадете го и ловоровиот лист и лукчето и оставете се заедно да се вари.
2. Кога зеленчукот е сварен извадете ги компирите, морковите, пашканатот и целерот и згмечете со вилушка па вратете ги назад во садот. Зачинете по вкус и оставете повторно да зоврие. Во зависност која густина сте ја добиле од компирите и која густина на чорбата ја сакате, згуснете со малку брашно растворено со малку вода. Мене ми беше потребно 1 мала лажичка брашно.
На крај ставете го ситно сецканиот магдонос, промешајте и исклучете. Малку нека се излади па послужете со свежа салата.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани