Посна чоколадна торта со тиквички
1. Тиквичките убаво измијте ги и изрендајте ги, а потоа изблендирајте ги да се добие кашеста смеса.
2. Во сад ставете ги сите суви состојки, додајте ја кашата од тиквичките, млекото и маслото. Измешајте ги со лажица убаво да се изедначат.
3. Смесата истурете ја во подмачкана и набрашнете округла тава (26) и ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 мин или проверете со чепкалка да излезе сува при проверката.
4. Печената торта оставете ја малку во тавата потоа превртете ја на тацна и оставете ја до излади.
5. Послужете ја посипана со шеќер во прав, исечена на коцки.
Совет
Тортата има чоколаден вкус и тиквичките воопшто не се чуствуваат. Тие се додаваат за на тортата да и дадат сочна сунѓереста структура.
Лиценца: Сите права се задржани
Невенче колачот ти го бендисав, ќе си го зачувам :)