Денес ќе готвиме заедно со Теофанија, готвач член на нашата веб-страница. Теофанија ќе подготви еден од нејзините рецепти, Посна чоколадна торта.

Богата чоколадна торта, а воедно и посна. Направена со тесто со ореви и какао, и богат кремаст чоколаден фил!

Подготовка

Чекор 1: Најпрво подгответе го првиот дел од филот, бидејќи ќе ни треба и за тестото.

Водата, шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги на оган да зовријат. Додадете го какаото, промешајте и на крај додадете ги чоколадото и румот. Мешајте додека да се изедначи смесата и оставете на страна да се олади.

Чекор 2: Сите состојки за тестото ставете ги во сад за матење и убаво соединете ги.

Смесата истурете ја во тавата за печење и печете на 180 степени, 20 минути.

Чекор 3: За вториот дел од филот ставете ја течноста во сад на оган. Во дел од течноста растворете го прашакот за пудинг да нема грутки. Измешајте убаво и додадете во течноста. Варете додека не згусне, па оставете го да се олади.

Чекор 4: За третиот дел од филот маргаринот омекнат на собна температура и шеќерот во прав изматете ги пенесто.

Кога убаво ќе се оладат трите делови од филот, соединете ги со матење.

Чекор 5: Исечете го тестото на 3 еднакви дела. Редете ја тортата, прво тесто, па фил и така до третиот дел. На крај цела премачкајте ја со остатокот од филот, и наросете ја со чоколадни трошки.

Чекор 6: Оставете ја да отстои неколку часа во фрижидер, а потоа сервирајте.

СОВЕТ: Оваа торта има богат чоколаден вкус и е совршена за периодите на пости. Но, исто така и за летниот период, кога ви се јаде благо кое е полесно за топлите денови!