Го чистиме празот и го сецкаме. Во тенџере на оган ставаме масло и го ставаме празот да се пржи. Откако ќе омекне ја додаваме исецканата зелка (свежа или од туршија) и два лупени и сецкани домати. Убаво се упржува сето тоа, па се додава оризот,се зачинува по желба и се пржи уште кратко. На крај се налева млака вода колку да ја покрие смесата, се префрла во плех бр. 30, се наросува црн пипер и се пече на 220 С, околу 45 минути, односно додека да испари водата.
Јас користев свежа зелка па затоа ставив домати, доколку користите зелка од туршија не мора домати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови