Посен сутлијаш со мед и лимон
Пред да почнам да објаснувам за овој сладок десерт, да ви кажам дека јас мерев со филџан за кафе, ќе имате во додатните слики да го видите.
Во тенџере на оган ставаме да вријат водата, медот и шеќерот.
Откако ќе вријат, се трга пената и продолжува да се вари уште 5 минути.
Се додава измиениот и истребен ориз па се остава да вари.
Повремено промешуваме.
Вариме на потивко да не го изгориме оризот, а кога веќе смесата се згуснува, пред крајот го додаваме сокот од лимонот и ренданата кора од лимон.
Додаваме и цимет.
Промешуваме и топло го собираме во помали чиничиња.
Се служи ладничко.
Ова е добар додаток во исхраната на луѓето кои постат.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Mnogu e vkusen, a za postite bez maslo,zamenuva kompleten obrok.
За следните пости ќе се проба.
Јас ова го подготвувам стрикно за постите без масло.