21
мар
2014
Посен ручек со компири (може и без масло)
Предлогов иако е направен на масло, ако го изоставите може да биде и сосема посен (на вода).
Компирите лупени и варени се цедат од водата. Во врели компири се става маслото и се пасира со лажица за пире. Во топло се става сечкан кромидот, лукчето, сол, а може и сув зачин. Се останато, нека се изедначи без грутчиња
Од целата смеса се обликуваат поголемки топки,. Едните ги валкав во мелени ореви, а другите во сусам.
Овој пат друштво им правеа пак тие пиперки во сенф од зимницата, едноставен, здрав, скромен посен ручек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Правам нешто слично, со други состојки во компирите ама потоа ги ставам и во рерна малку да се запечат.