Посен ручек со компири (може и без масло)
Состојки
- 3 големи варени компири
- 2 парчиња младо кромидче
- 2 парчиња лук
- 6-7 маслинки сечкани
- 5 лажици масло,сол,копар на вкус
- 2 лажици сенф
- 2 лажици сусам (пржен на суво)
- и уште за валкање мелени ореви и сусам ,,пржен на суво,,
Подготовка
Предлогов иако е направен на масло, ако го изоставите може да биде и сосема посен (на вода).
Компирите лупени и варени се цедат од водата. Во врели компири се става маслото и се пасира со лажица за пире. Во топло се става сечкан кромидот, лукчето, сол, а може и сув зачин. Се останато, нека се изедначи без грутчиња
Од целата смеса се обликуваат поголемки топки,. Едните ги валкав во мелени ореви, а другите во сусам.
Овој пат друштво им правеа пак тие пиперки во сенф од зимницата, едноставен, здрав, скромен посен ручек.