
3
јул
2014
Посен колач со афион и боровинки
Во подлабок сад измешајте ги сувите состојки, а потоа додајте ги и течните состојки.
Боровинките свалкајте ги во брашно.
Половина од боровинките ставете ги во смесата и измешајте.
Во плех (претходно премачкан со масло и набрашнет) истурете ја смесата и одозгора ставете ги преостанатите боровинки.
Печете на 180 степени, околу 40 минути(зависно од рерната).
Испечениот колач оставете го да се олади, а потоа исечете го на коцки.
Секоја коцка посипете ја со агаве сируп и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани