Портокал торта
Прво тесто
1. Јајцата ги матиме со шеќерот.
2. Мешајќи со дрвена лажица во изматените јајца ги додаваме мелените ореви, сокот од портокал, брашното и пецивото.
3. Смесата ја ставаме во плех (обложен со хартија за печење ) со големина 35х40 цм. Печиме 10 минути на 180 степени, а потоа уште 15 минути на 160 степени.
Второ тесто
Исто како првото.
Трето тесто
Најпрвин се припрема кората од портокал.
Кората од едне портокал ситно ја сецкаме. Во сад на оган ставаме вода. Во загреаната вода ја ставаме кората од портокал. Откако ќе зоврие водата, кората од портокал ја цедиме и ја повторуваме истата постапка уште еднаш.
Во друг сад на оган ставаме еден филџан вода ( 250 мл ) и еден филџан шеќер. Оставаме да зоврие и да се стопи шеќерот.
Исцедениот портокал го прелеваме со шербетот. Го оставаме да стои 10 минути и го цедиме.
1. Белките ги матиме со шеќерот, мешајќи со дрвена лажица во изматените јајца ги додаваме двопекот, маслото, сецканото чоколадо и кората од портокал.
2. Смесата ја ставаме во плех (обложен со хартија за печење) со големина 35х40 цм. Печиме 10 минути на 160 степени, а потоа уште 15 минути на 150 степени.
Фил
1. Шеќерот го ставаме во сад на оган. Мешаме со дрвена лажица додека да карамелизира. Во шеќерот го додаваме млекото. Оставаме додека да стопи шеќерот.
2. Во друг сад жолчките ги матиме со густинот. Додаваме и 5 лажици млеко.
3. Садот со млекото и шеќерот го тргаме настрана и во него ги додаваме изматените жолчки. Садот го враќаме повторно на оган и мешаме додека да се згусни, притоа внимавајќи да не ни се направат грутчиња. Откако ќе се згусни го оставаме да се излади, повремено мешајќи.
4. 1 филџан млеко ставаме во сад на оган додека да зоврие. Со млекото ги попаруваме оревите.
5. Во еден сад го биеме маргаринот. Во него го додаваме изладениот фил и биеме додека не добиеме хомогена смеса. Во филот ги додаваме попарените ореви. Матиме додека не добиеме хомогена смеса.
Украсување
Прашокот за шлаг го биеме со млекото.
На табла го ставаме првото тесто. Филуваме со третина од филот. Врз него го ставаме тестото со кора од портокал ( третото тесто ) . повторно филуваме со половина од преостанатиот фил. Го ставаме и последното тесто( второто ). Филуваме со преостанатото тесто. Тортата ја украсуваме со шлаг и украси по желба.
Лиценца: Сите права се задржани