Портокал торта
Најпрвин земаме два портокали убаво ги миеме и ги сечеме на кругови.
Две чаши вода со 200 гр шеќер ставаме да зоврие и да вари 10 минути потоа ги додаваме круговите од портокалот и оставаме да варат уште 15 минути. Ги тргаме настрана и ги вадиме круговите портокали во чинија да оладат. Остатокот, еден портокал го лупиме делиме на парчиња ги острануваме семките и го блендираме портокалот.
Јајцата ги делиме белките од жолчките. Белките ги матиме со 150 гр шеќер во цврст снег. Жолчките ги матиме со преостанатиот 150 гр шеќер и го додаваме маргаринот исецкан на парчиња но претходно отстојан на собна температура. Кога ке се соедини маргаринот ја додаваме павлаката и блендираниот портокал. Со лажица постепено го додаваме и снегот од белките, го соединуваме и го додаваме брашното промешано со пециво.
Тавче бр 26 го намрсуваме со малку масло и посипуваме со шеќер убаво да се распореди по дното, а вишокот го истураме. Ги редиме круговите портокали, па ја истураме смесата за тортата. Печеме на 180 околу 50 минути ја проверуваме со чепкалка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
зјапав и зјапав во рецептов, ама не најдов што со шербетот во кој се вареа портокалите, па сама смислив дека треба да ја полеам тортата. не ми се фрлаше, многу убаво мирисаше :) :) :) :)
само се зезнав. ја полеав пред да ја превртам, па малку се раскашави. требаше да ја превртам, па да ја полевам со лажица полека :)