Многу едноставен прилог за ручек, а и како самостален ручек со свежа салата супер поминува, барем кај нас
 
- Измиената леќа сварете ја, исцедете ја доколку останало повеќе вода
- Изрендајте го на ситната страна од рендето излупениот шарлаган
- Измешајте да добиете компактна смеса од исцедената леќа, ренданиот шарлаган, додадете ги јајцата, лебните трошки и овкусете со зачините.
- Правете полпети, валкајте повторно во лебните трошки, пржете ги на сосема малку зејтин.

Забелешка
- Значи лебни трошки ставате толку колку што е потребно од смесата да формирате полпетите.
- Доколку сакате да бидат посни, тогаш наместо лебни трошки додадете инстант пире, а ништо не се помалку вкусни ако овде сега додадете и сварен ориз.
- Денес ги правев од половина количината, ставив едно поголемо јајце и се излезе најнормално како што треба.
Да ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани