
29
мар
2013
Полнет лосос
Лососот се мие, се премачкува со зејтин и сенф. Се посолува, се посипува со вегета и бибер. Се додава виното и се остава да одстои (најдобро е од вечер да се спрема за другиот ден, за да омекне лососот). Компирот, морковот и лукчето ситно се сецкаат, па се додава ситно исецкан магдонос, сол, вегета, бибер и зејтин. Се промешува се заедно. Со подготвената смеса се полни лососот. Лососот се пече околу час и половина на 220 степени. Првите половина час покриен со фолија, а потоа се вади фолијата и се допекува.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови