
Полнети јајца со цвекло и туна
Јајцата се варат додека убаво да биде сварена жолчката.
Потоа се сечат на половина и од нив се остранува жолчката.
Цвеклото се вари и потоа се пасира или ситно се сецка. Може да се користи и цвекло од тегла, а количински да биде колку едно топче цвекло.
Од конзервата со туна се остранува маслото, потребна е само туната.
Кромидот ситно се сецка.
Во сад се мешаат цвеклото, туната, кромидот, испасирана жолчка и се додава и мајонезот и сето тоа убаво се промешува. Се додава и сецкан магдонос.
Празнините од јајцата се полната со добиената смеса. одозгора може да се декорира со магдонос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови