Полнети црвени пиперки со зеленчук
Ручеков беше за мерак.
Знам дека на нашата икидики најмногу ќе и се допадне, хаххаа
Пиперкиве која сорта се и како се викаат не знам.
Но, кога ги видов во Албанија на нивниот пазар, па и мали ситни бамјички..ммммм одма си го смислив безмесниов ручек, за добредојде дома после одмор.
ако се изостави урдата може да биде и посен ручек.
Начин на подготовка.
На загреано сончогледово масло ги запржуваме сецканиот црвен кромид, морков и чили пиперчињата.
Потоа додаваме ситно сецкани листови блитва, измиен ориз и запржуваме уште 1,2 минути.
Јас зачин воопшто не ставив, бидејќи користев разновиден зеленчук
Ставив само сол и бибер.
Сега додаваме изронета мајчина душичка, сецкан магдонос и излупен и испасиран црвен домат.
Нека крчка заедно се 2-3 минути.
На измиените црвени, топчести пиперки им го одстрануваме семето.
Ги полниме со подготвената смеса.
На површината ставаме по 5-6 мали измиени и исчистени бамјички.
Останатите 2 црвени домати ги лупиме ги ставаме во нутрибулет, додаваме малку маслиново масло, сол, бибер и оригано.
Така изедначени ги ставаме на дното на тавата каде ќе ги печиме.
Ги редиме пиперките, тавата ја покриваме со капак и така ги готвиме околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени.
Потоа го вадиме капакот од садот и врз пиперките, односно бамјичките ставаме по 1 лажиче урда, попрскуваме сусам и допекуваме уште одприлика 20 минути.
Сервираме топли.
На здравје убавинава
Лиценца: Сите права се задржани
Prevkusno bese
Ама и состојкиве смислени ... за мераци ...
Мене ми личат пиперкиве како доматите јабучари, ама пиперки ...
Битно ти им го најде крајот и ги дуздиса убаво ... поздрав ...
Milo Mi e sto gi bendisa
Da Se gambi, ne Se, da Se jabucari.. Ne znam
Znam deka mn bese vkusno
Poz prijatelke