Испечати

Полнети црвени пиперки со зеленчук

Полнети црвени пиперки со зеленчук

Состојки

  • 1 црвен кромид
  • 1 морков
  • 2 чили пиперчиња
  • 3-4 млади листови блитва
  • 1 лажица магдонос
  • 1 црвен домат
  • 1 филџан од 100гр , ориз
  • 20 многу малечки бамји
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче свежо мелен бибер
  • 1/4 лажиче црвен пипер
  • 4 лажички урда
  • 1 лажиче сусам
  • 2-3 црвени домати
  • маслиново масло, сол, бибер
  • 2 лажици сончогледово масло
  • 3 гранчиња сува мајчина душичка

Подготовка

Ручеков беше за мерак.
Знам дека на нашата икидики најмногу ќе и се допадне, хаххаа
Пиперкиве која сорта се и како се викаат не знам.
Но, кога ги видов во Албанија на нивниот пазар, па и мали ситни бамјички..ммммм одма си го смислив безмесниов ручек, за добредојде дома после одмор.
ако се изостави урдата може да биде и посен ручек.

Начин на подготовка.
На загреано сончогледово масло ги запржуваме сецканиот црвен кромид, морков и чили пиперчињата.
Потоа додаваме ситно сецкани листови блитва, измиен ориз и запржуваме уште 1,2 минути.
Јас зачин воопшто не ставив, бидејќи користев разновиден зеленчук
Ставив само сол и бибер.
Сега додаваме изронета мајчина душичка, сецкан магдонос и излупен и испасиран црвен домат.
Нека крчка заедно се 2-3 минути.
На измиените црвени, топчести пиперки им го одстрануваме семето.
Ги полниме со подготвената смеса.
На површината ставаме по 5-6 мали измиени и исчистени бамјички.
Останатите 2 црвени домати ги лупиме ги ставаме во нутрибулет, додаваме малку маслиново масло, сол, бибер и оригано.
Така изедначени ги ставаме на дното на тавата каде ќе ги печиме.
Ги редиме пиперките, тавата ја покриваме со капак и така ги готвиме околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени.
Потоа го вадиме капакот од садот и врз пиперките, односно бамјичките ставаме по 1 лажиче урда, попрскуваме сусам и допекуваме уште одприлика 20 минути.
Сервираме топли.
На здравје убавинава