1.Во сад ставете го месото, ситно насецканиот кромид, оризот и ситно насецканиот патлџан, Додајте го јајцето, вегетата, солта и сите зачини кои вие сте ги избрале.. Целата оваа смеса измесете ја добро и додајте 100 -200 мл. вода и продол
ете да го месите и треба да добието мека смеса ( а колку вода ке ставите зависи од сочноста на самото месо кое го имате на располагање).
2. Во подлабок тањир ставете брашно.
3. На секоја исчистена пиперка пресечете им го сосема малку врвот на пиперките.Полнете ги пиперките - краевите на самите пиперки се брцнуваат во брашното - да се затворат самите отвори (значи двата краја од пиперките). Наредете ги пиперките во садот кој сте го избрале за да го приготвите ручекот. Залејте ги со врела вода толку колку да се залијат, додајте вегета по ваш вкус, ставете врз нив тањир кој нема да дозволи да испливаат на површината. ( Битно е да пиперките бидат испод нивото на водата). Ставете го садот на појака температура да зоврие водата побргу, па откако ке зоврие сосема намалете ја температурата и оставете ги да се варат околу 40 мин. Доколу случајно водата ви испарила, долејте слободно вода за да не дозволите да нејзиното ниво биде испод пиперките.

ПРИПРЕМА НА СОСОТ
Во тавче измешајте го киселто млеко и јајцето да стане хомогена смеса, додајте го брашното и малку сол, Ставете на рингалата на тивко и варете цело време мешајки го,кога се згусти смесата додајте една црпка од водата во која се вареа пиперките и продолжете да варете. По втор пат кога ке се згусни смесата, пак додајте од водата 1-2 црпки и продолжете да г

Лиценца: Сите права се задржани