12
мај
2012
Тиквички во кисело млеко
Ги лупиме тиквичките и ги сечеме на кругови, ги валкаме во брашно и ги пржиме.
Испржените тиквички ги редиме во плех(исто како мусака), еден ред тиквички па врз нив кисело млеко, пак ред тиквички па кисело млеко.
Во тавче на оган ставаме малку масло за јадење и чекаме добро да се загрее па додаваме една до две лажици црвен пипер, па со ова ги преливаме тиквичките и спремни се за јадење.
Пријатен апетит!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови