Малку поинакви полнети пиперки по идеја на Беба. Да подизбегаме малку од класиката.

1. Сварете ги макароните и исцедете ги од водата.

2. Во меѓувреме испржете го ситно сечканиот кромид со морковот исечкан на ситни коцкички.

3. Додадете го меленото месо и откако убаво ќе испржи, зачинете и додајте ги пелатите или сосот од домати и сварените макарони. Измешајте, да се соедини. На крај додадете ситно сечкан магдонос и допржете на исклучена рингла.

4. Полнете ги пиперките со филот и затворете ги со нивната дршка.

5. Во тавата во која ќе се печат истурете го сосот од домати или исечкајте на кругови свеж домат, па врз него наредете ги полнетите пиперки. Покријте со фолија и печете на 200С околу половина час.
10на минути пред крај извадете ја фолијата и оставете ги убаво да се потпечат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови