Полнети пиперки со киноа, ориз и мелено месо
Ги обожавам! Ова е едно од моите омилени јадења.
Подготовка
Пиперките измијте ги и отстранете им ги рачките и семките.
Ситно исецканиот кромид запржите го во загреано масло малку да зарумени, потоа додадете го меленото месо (пржите 2-3 мин) потоа додадете киноа, ориз и на крај црвена пипер, сецкан магданос и мешан сув зачин.
Од оваа смеса ставете по две супени лажици во секоја пиперка и затворете ја со парче домат.
Пиперките наредете ги во тава за печење
Во тенџере на оган ставете ја водата и коцката за супа да зовријат, потоа додадете во тавата кај пиперките.
Печите во загреана рерна на 200 околу 45 мин.
Добар апетит
Забелешка
Може да додадете 2 - 3 чешниња лук во смесата за полнење, доколку сте љубители на лук.
Лиценца: Сите права се задржани