Полнети варени јајца со сардина
1. Јајцата да се сварат (тврдо варени), да се изладат, излупат и се сечат на половина попреку и жолчките се вадат.
2. Во жолчките додадете го омекнатиот путер, садеинте, посолете по желба и добро да се изгмечат, изпасираат да се добие еднолична смеса.
3. Со подготвена смеса полнете ги половинките од белките(со помош на дресир кесе или јас ги полнев пополека со едно мало лажиче) .
4. Полнетите белки се стават на подлога од некоја направена или готова мајонез салата (негде околу 80 гр. по особа,на пример како што е француска салата и сл.како што ја прават многу домакинки за пригоди).
Сервирањето може да биде поединечно за секоја особа или на едно место за повеке за самопослужување.
5. Сервираните јајца се украсуват со лист-гранчиња од магданос, а може да се украсува и со свежа црвена пиперка, црни маслинки и сл. по желба.
6. Полнетите јајца, се служат како ладно предјадење (што би рекле кумановчани, ЗА МЕЗЛК). Па нека Ви е на здравје мезлкот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Иако не беше избран конкретен рецепт,јас коментирам под оној што ми остави впечаток.