26
јан
2021
Полнети пикантни варени јајца
Една идеја за поинакви варени јајца,за мезе или појадок.
1. Прво ги вариме јајцата 10 минути(да бидат тврдо варени).
2. Ги сечеме на половина, жолчките ги вадиме во еден сад. Додаваме мајонез, рендано сирење, рендана краставичка, ситно сечено лута пиперка. Се заедно мешаме и со смесата ги полниме половинките од јајцата. Поросуваме со буковец.
Ако не сте љубител на луто намалете ја количината на лутата пиперка или воопшто не ни ставајте.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови