24
јул
2012
Полнета риба
Ја посолуваме рибата и оставаме во фрижидер преку ноќ.
Плехот го мачкаме со масло и вода
Ја ставаме рибата во плехот и правиме неколку засеци по должина и во секој засек додаваме вегета и лимонов сок.
Внатрешноста на рибата прво ја полеваме со масло, па лимонов сок, па вегета, па ситно насецкан магдонос, па насецкан морков, па лук.
Ова го полеваме со лимонов сок, го додаваме остатокот магдонос, побиберуваме и рибата ја затвараме.
Одозгора рибата ја полеваме со виното и во секој засек сега ставаме бело лукче.
Ја покриваме рибата со фолија и ја ставаме во загреана рерна 1 саат на 250 степени.
Ја вадиме фолијата и допекуваме уште 30 мин. додека порумени.
Лиценца: Сите права се задржани
Ti si idealen kuvar i presrekna sum sto moite recepti nasle ubavo domce...
Kiss
нема боље пилетине од свињетине :) :) :) :)