Во вангла се става топлата вода со квасецот, солта маслото и брашното.
Се замесува меко тесто и се остава да одмори 20мин.
Потоа се размесува и се сука кора која се премачкува со маргарин и се става филот.
На крајот од тестото се засекува и се витка во ролат и се остава да стаса 20 мин во тава бр 32.
Кога е стасано се прелива со јајцата и јогуртот (да влези преливот во засеците).
Се печи на 180С-35мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани