Полжав погача
Состојки
- 200 мл топла вода
- 200 мл јогурт
- 200 мл млеко
- 100 мл масло
- 1 свеж квасец
- 1 лажица шеќер
- 2 лажички сол
- 1 кг брашно
- 200 гр маргарин (за премачкување)
- 200 гр сирење
Подготовка
Подготовка
1. Во топлата вода ставете го квасецот, шеќерот и две-три лажици брашно, промешајте и оставете го петнаесетина минути да се активира.
2. Потоа додајте го и млекото, јогуртот, маслото, солта и додавајќи брашно, измесете нелепливо тесто. Покријте го и оставете го на топло да се дуплира во волумен.
3. Сега расучете правоаголна голема кора, со дебелина отприлика половина прст, премачкајте ја со маргаринот и одозгора нарендајте го сирењето.
4. Пресечете ја кората на ленти (јас ги пресеков од 7цм). Почнете да ја витката првата во ролат, а потоа продолжете и со другите, каде завршува едната продолжете со другата.
5. Тепсијата или тавата во која ќе печете премачкајте ја со маргарин и ставете ја погачата внатре. Одозгора со јајце и сусам.
6. Вклучете ја рерната на 200 степени и кога ќе се загрее ставете ја погачата да се пече отприлика 45 минути.