Меки, лични пецива е мојот денешен предлог. Пробајте ги.

Подготовка:

1. Во вангличка се ставаат лажиче брашно, квасец, шеќер и топло млеко. Се промешува и се остава да се активира. Потоа се додаваат 4 лажици масло и сол. Се промешува и постепено се додава брашно.
Нека биде тестото замесено понамеко.
2. Месиме 3, 4 минути и на крај на работната маса ја ставаме лажицата масло и го доработуваме тестото. Го ставаме во вангличка и оставаме да се дуплира.
3. Потоа го делиме на 3 топки. Секоја ја расукуваме во правоаголна коричка која ја премачкуваме со маст или путер.
4. Во сад ги соединуваме младото сирење и јајцето. Врз маснотијата нанесуваме од овој фил.
Убаво размачкуваме, па виткаме ролат.. Со остар нож сечиме парчиња, дебели по 2,3 цм. Ги редиме во плех со сечената страна на горе. Ги покриваме и оставаме да стасаат 20 минути.
5. Ги премачкуваме со јајцето, наросуваме сусам и ги печиме во загреана рерна околу 25 минути. Испечени ги покриваме со чиста крпа да одстојат 5 минути. Ги вадиме на решетка да се изладат, па ги сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани