Полжавчиња со цимет
Интересни полжавчиња. Порано кога почнав да се плеткам во кујната најпрвин почнав со вакви полесни рецепти, така да овие ми беа едни од испробаните. Рецептот го најдов во една стара тетратка со рецепти и денес се потсетив на прекрасниот вкус и мирис кој го шират дома кога се печат.
Тестото се меси со наведените состојки и се остава да стаса. Кога е готово се сука во правоаголна кора. Маргаринот се топи и се меша со шеќерот и циметот,па со оваа смеса се премачкува кората. Се витка ролат и се сече ролатот на парчиња дебели колку прстот и се редат во плех налегнати. Се печат во загреана рерна на 200 околу 15-20 минути да добијат убава боја. Се вадат од рерна и се попрскуваат со обичен шеќер.
Јас го обожавам вкусот и мирисот на циметот, па ако сте и вие негов обожавател тогаш пробајте ги. Инаку во филот може да се стави и сецкани оревчиња, бадеми или суво грозје по ваша желба...
Лиценца: Сите права се задржани