1. Листовите на зелката одвојте ги, а средишниот црвст дел пресечете го на половина. Сето ова ставете на кратко да го бланширате во закиселена и засолена вода, потребно е да омекнат.
2. Оризот сварете го ал-денте.
3. Во тавата за пржење испржете го ситно сецканиот кромид до негово застаклување, додадете го месото и динстајте заедно долевајки повремено вода за да омекни и месото. Пред самиот крај додадете ги зачинките и црвениот пипер.. измешајте. Оставете да олади.
4. Во оладеното месо додадете го оризот, павлаката која сте ја измешале со јајцата. Сето ова измешајте го да се сите состојки спојат.
5. Подлабок сад покријте го со алу-фолија. Ставете го врз неа средишниот дел од зелката свртувајки го со рамниот дел надолу. Ставете од смесата со меленото месо врз него, поклопете со лист почнувајки од најмалиот лист, пак ставете месо, пак поклопете со лист и се така додека има од месото. Треба да добиете повторно форма на полутопка или половина зелка. Посипете со бибер.
6. Кога веќе сте ја оформиле зелката, долејте во самата фолија малку вода и сосема малку зејтин, добро затворете ја фолијата и ставете во загреана рерна да се пече. Во садот во кој ќе ја печете исто така ставете малку вода.
7. Пред самиот крај отворете ја фолијата, премачкајте ја со сосот кој ќе го направите од киселата павлака и јајцата, вратете назад во рерната и оставете така отворена фолијата да се допечи.

Совет
- Кога ја оформувам зелката, од почетокот помалиот дел, основата на зелката ја премачкувам со филот од месото, а понатаму продолжувам ставајки од филот на самиот лист, па едноставно потоа само го преклопам одозгора и се така до самиот крај. Вака ми е полесно.
- Во садот во кој ќе ја печете ставете вода онолку колку да се покрие дното колку 1 прст висина, за да не гори садот.
Вкусна и топла, но кога е оладена се сече многу убаво.
Уживајте... да не е обична сарма нели... да и дадеме друг изглед!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани