Рецептот го видов некаде на интернет, па јас си го преправив по мое.

Подготовка:

1. Замесуваме убаво меко тесто. Оставаме да стаса.

2. Откако е готово, го расукуваме на две парчиња, jа оформуваме кокошката. На долниот дел околу јајцето му изрендав свеж компир посолив, наросив бибер и ставив мешан зачин.
(Не морате,тоа беше моја желба.) Затворив со парче и го завиткав кон внатрешноста.
Со помош на бибер направив око, а со помош на црвена пиперка ја украсив главата. Јајцето го ставив кај стомакот, па зачинив со црн кумин и сусам. Оставив да стаса, па пред печење, премачкав со јајце.
3. Печев на загреана рерна.

Малку мојата кокошка не личи на кокошка ама ете се обидов :)

Ако ништо друго, си ја збогатив трпезата. Направив две. Eдна со и една без компир.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови