Ролат од кокошка со сланина и јајце
Кокошката измијте ја, извадете ги од неа коските.
Јајцата сварете ги.
Во едно филџанче ставете црвен пипер, сув зеленчук, изрендано лукче и зејтин, измешајте. Со оваа смеса намачкајте ја кокошката.
Врз кокошката наредете половина од сланината, врз сланината ставете златна мешавина, јајцата исечете ги на пола и ставете врз мешавината. Завиткајте во ролат.
Ролатот покријте го со останатата сланина. Врзете го ролатот со кујнски конец и ставете го во тепсија. Налијте малку вода и зејтин. Ролатот покријте го со фолија и печете на 250 степени 40 минути, извадете ја фолијата и печете уште 20 минути.
Испечениот ролат оставете го да истине и сечете на парчињата.
Многу е вкусно пробајте.
Добар апетит!