Погача со сирење и (погача со крем и мармалад)
Во малку вода разматете го квасецот, додадете лажичка шеќер, малку брашно и се измешајте. Оставете на топло место да надојде. Брашното просеано секако, го ставаме во сад за месење правиме кратер во средина и го додаваме квасецот, солта, зејтинот и изматените јајца.
Во оригиналниот рецепт пишува 600 грама брашно на мене ми беа потребни 570 грама, од остатокот малку потрошив за посип. Но секако зависи и од самото брашно. Вода ми требаше околу 300 мл, во рецептот 200 мл, значи сами треба да процените колку попрецизно ќе ви треба.
Тестото да ни биде средно замесено. Го оставаме тестото да стаса 30 минути.
Ако сакате да правите една погача, намалете ги состојките на половина. Во мојот случај правев две погачи, па ја дуплирав дозата. Откако сте го замесиле тестото поделете го за погачата со сирењето повеќе од половина тесто. Подмачкајте плех бр.30 за погачата со сирење со маргарин. Кинете од тестото со намрсени раце со малку зејтин, бидејки ова тесто е помеко за да можете да оформите топче. Големината на топчето да биде одприлика како топче за тенис.
Треба да соберете 18 топчиња во плехот. Кога се наредени секое го притискаме малку со мала ракиена чаша за да направиме место за сирењето. Сирењето дел го сецкаме на мали коцки дел го рендаме и ги полниме топчињата. Ја премачкуваме погачата ,посипуваме со ким или сусам и ја ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Остатокот од тестото го расплеснуваме во помало плехче, ја шараме погачата со две вилјушки. Помеѓу секоја шара ставаме крем или мармалад зависи како сакаме.
Ја печеме и оваа погача. Како додаток за солената погача може да се напиете и јогурт и ова може да ви го замени ручекот. Кога се веќе испечени ги покриваме со крпа малку да се задушат и драги мои акција соленко па блачко. Нека ви е на здравје на сите. Добар апетит. Се извинувам не е моја грешка ми се изгубија состојките ,ке пробам овде да ги внесам.За ТЕСТО: 1 кг и 200 грама брашно тип 400 ,60 грама свеж квасец.4 јајца,20 лажици зејтин,600 мл топла вода, 2 лажички шеќер , 4 лажички сол.За ФИЛ: 150 грама сирење ,150 грама еурокрем 150 грама мармалад,1 жолчка малку ким или сусам, 50 грама маргарин
Лиценца: Сите права се задржани
na face book ti ja vidov tuka ne ja pulam da se verti sto e rabotata