Плисирана пита со младо сирење, од готови кори
1. Дното на правоаголен плех го премачкуваме со масло. Ја земаме првата кора и со рацете ја превиткуваме, плисираме. Ја поставуваме во плехот. Јас ги редев во должина. Таман ми беше димензијата на корите и плехот. Постапката е иста со сите кори.
2. Сега во длабок сад ги соединуваме сите состојки. Јајцата, изматени со жица, сол, масло, јогурт, киселата вода, сецканата блитва, младото сирење, пециво и брашно. Убаво соединуваме.
3. Сега со лажица прво јас ставав од преливот во секое плисе, а остатокот на прелив го истурав врз цела пита. Малку протресуваме, да навлезе убаво смесата насекаде. Наросуваме сусам.
4. Печеме во загреана релна околу 40 минути. Сервираме топла, воздушестта, вкусна пита со чаша јогурт.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани
Ja pravev po moja intuicija
Vo sekoj slucaj bese sovrsena
И само со спанаќ е вкусно