Плескавици од просо, спанаќ и праз
Ставете го просото да се свари и потоа исцедете го.
Спанаќот кај мене беше замрзнат и го запржив со малку масло во тава за да испари течноста, но чинам дека свеж ќе е уште подобар. Доколку користите свеж, ставете не повеќе од пропишаната грамажа за замрзнат.
Морковчето изрендајте го, а празот ситно исечкајте го.
Се заедно со јајцето и зачините измесете убаво.
Како кај мене овие плескавици беа прилог на класични плескавици од мелено месо кои ги пржев, ја користев истата мрснотија да ги подготвам и нив, но и овде би ви препорачала да ги наредите во тава и да ги испечите во рерна, бидејќи со првото превртување кога се пржат, знаат да се распаднат, па ќе ви треба поголема шпатула и внимание за првото превртување додека не запржат, а со печењето нема утка.
Лиценца: Сите права се задржани
Плескавиците ни беа прилог на месните плескавици хаха и одлично се искомбинираа во еден ручек