Пица со праз
Кога би знаеле нашите баби за пицата во нивно време, веројатно би произлегла некоја ваква слична модификација од зелник со праз и пица. Веќе некое време празот исецкан и спремен во фрижидерот ме чекаше за подготовка. Многу го сакам во зелник, но никако да се решам да месам тесто. Од мрза и голема желба за нешто блиску до посакуваното произлезе оваа пица. Верувајте, супер ни беше. Со чашка ладен јогурт, уживавме во неа.
*Празот мене веќе ми беше дробен. Количината беше 2,5-3 фатки (раце).
Ситно сецканиот праз испржете го на малку масло додека не омекни, додадете го ситно дробеното сирење и пржете уште половина до минута време. Тргнете го од оган и додадете ги јајцата. Посолете и забиберете.
Врз тестото за пица најпрво ставте 2-3 лажици доматен сос и премачкајте го. Ставете од смесата со праз и распоредете ја убаво. Одозгора изрендајте кашкавал и ставете една маслинка на средина.
Печете на 200 степени. Времето на печење ќе зависиод тоа дали ќе употребите полуготово тесто за пица, како во мојот случај, или сами ќе си го направите вашето омилено.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Невена, ајде доаѓај, исто вака сервирано ќе биди за 15 мин :))) (исто како да сум те услужила со зелник со праз во модерна варијанта :)) )
Миленче фала 3
Лудо неее... 2 дена празот дробен ме чекаше да се обидам зелник да го направам. И ненормално ми се сакаше, ама никако да ја бидни работата:) Гледајки (ова пред повеќе од недела) што да се доруча, падна погледот на тестото за пица. Пуста желба голема и празот пред очи и на крај светна компромисно решение ОВА :) Јадев и сликав во исто време :Р Мерациии! :) А, МоиРецепти се виновни за ваквата идеја, кога ја пробав нивната пица Фиорентина и тоа со спанаќ, а слабо го сакам(па за чудо ми се допадна многу)... што да не и со фил за празов земник ;)
Миленче фала 3
Лудо неее... 2 дена празот дробен ме чекаше да се обидам зелник да го направам. И ненормално ми се сакаше, ама никако да ја бидни работата:) Гледајки (ова пред повеќе од недела) што да се доруча, падна погледот на тестото за пица. Пуста желба голема и празот пред очи и на крај светна компромисно решение ОВА :) Јадев и сликав во исто време :Р Мерациии! :) А, МоиРецепти се виновни за ваквата идеја, кога ја пробав нивната пица Фиорентина и тоа со спанаќ, а слабо го сакам(па за чудо ми се допадна многу)... што да не и со фил за празов зелник ;)