Уште еден предлог за празнична трпеза.
Прво ќе го спремиме филот.
Ќе ги исецкаме пршутата, маслинките и печурките на мали парченца.
Ќе ги помешаме во еден сад заедно со моцарелата или гауда зависи што ќе користите. Ќе ги додадеме зачините и ќе помешаме се.
Кога тоа е готово одиме со месење на тестото.
Готовото тесто го расукуваме во една голема кора.
Сечеме звезди со модла па ги премачкуваме со доматен сос или кечап.
За љубителите на сенф, можете да ставите и сенф.
Ставете од филот на средината и поклопите со уште една звезда.
Затворете со вилушка по краевите така да ќе ја направите уште подекоративна звездата.
Премачкајте со јајце и зачинете со дел од зачините (сусам, оригано, афион)
Јас печев одма во загреана рерна.
Овие звезди можат да се спремаат и како хот дог (премачкани афион и полнети со виршли )
Ќе имате преубави декоративни кифли за празниците што следат.
Среќни празници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови