Пица кифлички со пршута
Состојки
- 200мл кефир 1 чаша од 200мл
- 1 пециво
- 500-550гр брашно
- 100мл зејтин 1/2 чаша
- Полнеж
- 100гр печурки
- 100гр моцарела, гауда
- 150гр пршута
- 50гр маслинки каламата (по вкус )
- 4лажици кечап или доматно пире со оригано
- Зачини
- 1/2лажиче оригано
- 1/2лажиче афион
- 1/2лажиче сусам
- 1 јајце за премачкување
Подготовка
Уште еден предлог за празнична трпеза.
Прво ќе го спремиме филот.
Ќе ги исецкаме пршутата, маслинките и печурките на мали парченца.
Ќе ги помешаме во еден сад заедно со моцарелата или гауда зависи што ќе користите. Ќе ги додадеме зачините и ќе помешаме се.
Кога тоа е готово одиме со месење на тестото.
Готовото тесто го расукуваме во една голема кора.
Сечеме звезди со модла па ги премачкуваме со доматен сос или кечап.
За љубителите на сенф, можете да ставите и сенф.
Ставете од филот на средината и поклопите со уште една звезда.
Затворете со вилушка по краевите така да ќе ја направите уште подекоративна звездата.
Премачкајте со јајце и зачинете со дел од зачините (сусам, оригано, афион)
Јас печев одма во загреана рерна.
Овие звезди можат да се спремаат и како хот дог (премачкани афион и полнети со виршли )
Ќе имате преубави декоративни кифли за празниците што следат.
Среќни празници.