Пица Капричиоза (тесто со јајце)
Квасецот се растопува во млака вода зедно со шеќерот солта, маслото и јајцето. Се додава малку брашно и се остава да стаса околу 10 минути. Потоа се додава преостанатото брашно и се замесува меко тесто. Се остава на топло место да стасува околу 1 час. Потоа тестото се размесува на помали колачиња околу 6 ( зависи од тоа во колкаво плекче ќе се пече пицата) и се редат во пдмачкано плече со масло да стасаат уште 40 минути. Откако убаво ќе стасаат колачињата на набрашнета работна површина се растегнува пицата. Прво со раце се притиска со прстите за да се формира обрач а потоа се тегне пицата до саканата дебелина односно колку големината на плекчето. Тестото се пренесува во набрашнето плекче и се премачкува со кечап, па се реди рендан кашкавал,врз него шунка тенко исечена, и шампињони. Одозгора ставаме оригано и пицата се пече во загрена рерна на 250 степени 15 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
А ќе направам и јас па ќе пуштам слики, и ќе ве стрвам... ааааа само вие ли ќе ми правите вака :)