Подготовка:

1. Корите како што се завиткани во ролна исечете ги на парчиња од 1 см. Растресете ги убаво лентите.

2. Останатите состојки убаво измешајте ги и во нив додадете ги растресените ленти од кори. Измешајте убаво. Не смее ни една сува да остани. (доколку од некоја причина не ви е доволно течност, додадете уште малку јогурт).

3. Намрсете ги калапите за мафини и полнете ги со смесата (препорачувам силиконски). Одозгора наросете сусам и оставете ги 10на минути пред печење.

4. Печете на 200С, 30на минути, односно додека фино не поруменат. Времето на печење зависи од длабината на калапите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови