![Пита од пилешки стек](https://moirecepti.mk/content/uploads/2014/07/Picture-370-7cb09b-800x600.jpg)
23
јул
2014
Пита од пилешки стек
Пилешкиот стек го сечиме на 3 парчиња секој. Секое парче го чукаме со чеканче и го премачкуваме со сенф.Лукот ситно го сецкаме . Во тава премачкана со масло редиме прво од стекот и го наросуваме со исецканиот лук. Врз него редиме од круговите мортадела и врз неа ги редиме парчињата кашкавал. Постапката ја повторуваме. Јајцата ги матиме заедно со павлаката и ги полеваме врз питата. Печеме во загреана рерна се додека не зарумени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови