Испечати

Пита од пилешки стек

Пита од пилешки стек

Состојки

  • 1кг пилешки стек
  • 20 кругови мортадела
  • 20 парчиња кашкавал
  • 4 јајца
  • 1 (од 200 гр) павлака и сенф по потреба
  • 2 чешњина лук

Подготовка

Пилешкиот стек го сечиме на 3 парчиња секој. Секое парче го чукаме со чеканче и го премачкуваме со сенф.Лукот ситно го сецкаме . Во тава премачкана со масло редиме прво од стекот и го наросуваме со исецканиот лук. Врз него редиме од круговите мортадела и врз неа ги редиме парчињата кашкавал. Постапката ја повторуваме. Јајцата ги матиме заедно со павлаката и ги полеваме врз питата. Печеме во загреана рерна се додека не зарумени.